Барај
Close this search box.

Програмата за истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики креира и спроведува истражувања кои се примарно насочени кон анализа на квалитетот на образовните и младинските политики.

Програмата е реакција на недостатокот на информации и транспрентност за состојбите во образованието. Со истражувањата кои ги реализира Програмата, се надеваме дека ќе обезбедиме можност за креирање на поефективни и поинклузивни политики во оваа област.

Истражувањата се фокусирани како кон разбирање на ставовите и перцепциите на младите, така и кон респонзивноста и отчетноста на институциите. Со овој двонасочен пристап се надеваме дека ќе добиеме појасна престава за реалната состојба, врз што понатаму ги темелиме нашите политики за застапување.

Програмата во 2018 започна со менторство на млади истражувачи ентузијасти преку што им дава поддршка да ги реализираат своите први истражувања. Ваквите програми  на своите членови им овозможува спроведување на емпириски истражувања и изработка на анализи, преку запозанавање и директно вклучување во сите фази на истражувачкиот процес.

Сите истражувања може да се најдат на: https://issuu.com/youtheducationalforum