Членовите на програмата Младински активизам имаат можност да учествуваат и организираат настани, иницијативи, акции и активности чија цел е позиционирање на младите како активни актери при решавање на општествените проблеми. Членовите на клубовите, како и корисниците на МОФ обуките добиваат можност да креираат сопствени иницијативи кои МОФ ги поддржува со своите капацитети.
Соочени со предизвици на ниско ниво на организирање на младите на локално и национално ниво, социјалната исклученост на младите, партизираноста, поделбите на база на предасуди, и други проблеми и потреби на младите, програмата ги поддржува своите членови во напорите за креирање подобри можности на нивните генерации и заедницата.
Членовите на клубовите самостојно креираат волонтерски акции, јавни настани и перформанси, спроведуваат петициии користат различни алатки со цел да ги направат видливи и значајни младинските проблеми и да учествуваат во нивното решавање.
Во креирање и реализација на настаните се вклучени членови на младинските клубови, индивидуалци, средношколци, студенти кои настаните ги реализираат во јавност и нивната цел е да допрат до што поголема група на млади луѓе и граѓани.