Радио МОФ

Радио МОФ претставува независен онлајн медиум кој споделува музички и информативни содржини, достапни на www.radiomof.mk. Програмата се состои од вести, покривање на актуелни настани и теми како образование и култура продуцирани од страна на млади луѓе.

Инспирирано од фактот што местата каде младите во Северна Македонија можат да се изразат се ограничени, создавањето на Радио МОФ може да се доживее како виртуелен простор каде младите имаат целосна слобода на изразување. Една од главните цели на Радио МОФ е да ја промовира младата, културна и креативна заедница. Како онлајн медиум, се стреми да понуди квалитетни и разновидни содржини во младинското информирање преку продукција на независни и објективни програми водени од млади автори со цел да се развие јавниот дискурс за новите генерации.

Радио МОФ е медиум за сите млади луѓе кои сакаат да се информираат за нивниот статус како млади во општеството и оние кои сакаат подобрување на социјалната средина.

Соработници и поддржувачи на Радио МОФ во изминатите години биле: National Endowment for Democracy (NED), Европска делегација во Република Северна Македонија, Проект на УСАИД за граѓанско општество, Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ), Password Production, Младински културен центар, Center for International Private Enterprise, Croatian Journalist Association, Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ), Иницијативата за демократија на Западен Балкан, програма на Фондацијата за демократија на Вестминстер, Македонско еколошко друштво (МЕД), Институт за комуникациски студии (ИКС), forumZFD, Агенцијата на ОН за бегалци – УНХЦР, Internews, Регионална платформа на Западен Балкан за Заштита на слобода на медиумите и безбедност на новинарите, Совет за етика во медиуми на Македонија (СЕММ), Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).