Барај
Close this search box.

Напреден клуб

Програмата Учиме право во рамките на својата работа спроведува клинички програми за студенти. Преку приспособување на наставната програма на Учиме право за студенти, успешно се спроведени неколку клинички програми на Правниот факултет. Клиничките програми се неколкумесечни до дво-семестрални активности кои имаат за цел на студентите да им пренесат теоретско и практично знаење за правни процеси кои не потпаѓаат или се недоволно обработени во нивниот регуларен курикулум, на начин кој не се практикува на нивните факултети.

Целта на клиничките програми е да се доближи правото и прикаже практичната и применлива страна на правото на студентите од правните факултети. Овие клиники опфаќаат модули за истражување и правна помош, научни посети на Уставниот суд и Народниот правобранител, симулација на работата на институциите на ЕУ, истражување на судската практика на Европскиот Суд за човекови права во Стразбур, како и составување на граѓански договори.

Меѓу позначајните клинички програми се вбројуваат „Правната клиника Учиме право“во академската 2004/2005 година, како и Клиничката програма „Учиме право“ спроведена во периодот од октомври до декември 2008 година, каде студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје имаа можност да дознаат повеќе за создавање на законите, договорите, здруженијата на граѓани и фондации, трговските друштва, Европскиот Суд за човекови права, Уставниот суд и Народниот правобранител.