Барај
Close this search box.

Почетен клуб

ЕУ Клуб e средношколски клуб – дел од програмата Учиме право, во кој членуваат ученици кои се во втората година од учество во програмата, односно по успешното поминување и завршување на почетниот курикулум од првата година.

ЕУ клубот настана во учебната 2009/10 година, кога поради големиот интерес на средношколците во Учиме право за следење на предавања на теми од областа на Европската Унија, тимот на предавачи подготви програма и го формираше првиот ЕУ клуб во Скопје. Првата група се состоеше од 15-тина средношколци од повеќе средни училишта од Скопје кои го следеа курикулумот од два семестри на ЕУ клубот во просториите на Младински образовен форум во Скопје.

Од 2012 година во рамките на 
Напреден Учиме право клуб се спроведува и курикулум од интегрирани предавања за Европската Унија (курикулум на ЕУ Клуб) и предавања посветени на меѓународното право и меѓународните односи, Организацијата на Обединетите Нации и Совет на Европа.

Секоја година ЕУ Клубот организира работилници на теми тесно поврзани со Европската Унија и процесот на евроинтеграција на Република Македонија. Дел од темите кои се опфатени со предавањата се: историски околности на формирање на ЕУ, бранови на проширување, што е заедничко во Унијата и политики на ЕУ, образовни и младински политики на заедницата (Youth in action, Life Long Learning), институции на ЕУ и начин на одлучување, Македонија и ЕУ ретро(пер)спектива и Европската Унија пост Договорот од Лисабон.

Покрај предавањата, предвидени се и две симулации од кои едната е симулација на работата на  Европскиот Совет, а другата е симулација на работата на Советот за безбедност при Обединетите Нации. Со овие симулации, на средношколците им се доближуваат европските институции и подобро се разбира начинот на нивното функционирање во насока на развивање вештини на преговарање, лобирање и јавно говорење.