На настанот ќе се дискутираат потенцијалите на студентите за граѓански активизам, како и улогата на локусот на контрола во процесот на иницирање и спроведување на општествени промени, конформизмот како предуслов или пречка за граѓански активизам, улогата на граѓанскиот сектор за општествен развој, влијанието на општествените фактори и државни уредувања врз развивањето на активизмот кај студентите.
Говорници на оваа трибина ќе бидат:
1. Ненад Марковиќ, доцент на Правниот факултет “Јустинијан Први“ при УКИМ
2. Маја Бојаџиевска, професорка на Филолошкиот факултет “Блаже Коневски“при УКИМ
3. Јована Наумовска, истражувач на истражувањето „Студентот како носител на општествени проблеми – истражување за конформизмот, локусот на контрола и граѓанската одговорност кај студентите“- Младински образовен форум
Модератор: Моника Божиноска, Младински образовен форум