Промоција на краткометражниот филм „Драг дневнику“

film-sxc

Младински образовен форум (МОФ) со задоволство ве поканува на промоција на краткометражниот филм „Драг дневнику“, во сценарио на Стефан Серафимоски и режија на Горан Томиќ.

Ова е втора ваква промоција на филмски продукти, комплетно изработени од страна на медиа/арт клубот кој функционира во склоп на МОФ Тетово и следува по првата промоција на документарниот филм за работата на медиа/арт клубот Тетово и за краткометражниот филм „Актерската игра е само сон“. Покрај проекцијата на филмот, предвиден е и дел за отворање на дискусија за тематиките кои ги обработува филмот, а кои се од огромна важност за сите средношколци и млади.

Модератори на настанот ќе бидат Перица Сарџоски, директор за настава во Пегасус ЕЛС Тетово, како и Арсим Калеци – режисер и актер во албанскиот драмски театар.

Промоцијата на филмот ќе се одржи на 9 јуни 2013 (недела) во просториите на ДМУ „Тодор Скаловски Тетоец“ (средното музичко училиште) во Тетово, со почеток во 19:00 часот. Влезот е бесплатен!

Стефан Серафимоски, медиа/арт клуб Тетово

Сподели