Во рамките на проектот „Средношколско организирање и учество“ на Младински образовен форум од Скопје, а под покровителство на ФООМ на ден 26.12.2014год. (петок) во СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола ќе се одржи промоција на Младинската организација. Во рамките на настанот, предвидени се презентации кои ќе ги прават членовите на Младинската организација, паралелно на првиот час (07:15ч. и 13:30ч.) во сите класови во двете смени и ќе делат флаери за информирање на учениците а воедно и запознавање со постоењето на Младинската организација во СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола. За време на големиот одмор (во 08:50ч. и 15:50ч.), и во двете смени ќе биде поставен штанд во холот на училиштето, на кој што претставници од Младинската организација ќе ги информираат за целите кои ги има истата, како и активностите кои досега се спроведени.
Учениците на СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола ќе имаат можност да пишуваат со кои права и обврски се запознаени, а секое напишано право или обврска ќе добиваат чоколадна бомбона со писменце. Она што им го пишува на писменцето ќе го напишат на лист хартија со хаштаг и ќе бидат фотографирани и споделени на фан страната на Младинската организција. Покрај тоа, ќе биде и поставена кутија за пофалби и поплаки каде што учениците ќе може да ги пишуваат своите проблеми анонимно. За потребите на настанот и поголема промоција, членовите на Младинската организација при СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола ќе добијат брендирана маичка со логото на средношколската заедница.