Трибината наречена ”КАПИТУЛАЦИЈА, КОНФУЗИЈА ИЛИ ОТПОР на македонскиот средношколец” е тричасовен настан организиран од Младински образовен форум [МОФ], чија цел e да ја промовира студијата “Социјалниот капитал на средношколците во Македонија”.
Настанот ќе се одржи на 22-ри март (вторник) 2011 година, со почеток во 12:00 часот, во конференциската сала на хотелот Холидеј Ин.
Студијата е производ на реализирана анализа на истражување која опфаќа 5 области: доверба во институции, социјална вклученост, граѓанско учество, образование и воншколски активности. Истражувањето беше спроведено во 13 градови низ државата во 50 средни училишта и опфати примерок од 3607 средношколци. Истражувањето претставува сигнификантен и презентативен примерок на ниво на Р.Македонија.
Настанот вклучува 2 отворени дискусии и 4 гости говорници на секоја дискусија поодделно, кои ќе дадат придонес со своето професионално мислење.
АГЕНДА
______________________
Отворање на настанот – Сандра Анастасовска, координатор на проектот Локална младинска иницијатива (ЛМИ)
ТРИБИНА 1: КАКОВ Е СОЦИЈАЛНИОТ КАПИТАЛ НА МЛАДИТЕ?
Модератор- Мартин Галевски, програмски координатор во МОФ
Говорници:
Зоран Илиески – Извршен директор на коалиција СЕГА
Јадранка Костова – Главен и одговорен уредник на ФОКУС
Дарко Алексов – Извршен директор на МОСТ
Марјан Забрчанец – Извршен директор на МОФ
ТРИБИНА 2: КАКВА МОЌ ИМА ОБРАЗОВАНИЕТО?
Модератор- Дона Костуранова, претседател на МОФ
Говорници:
Хералд Шенкер – Експерт за интегрирано образование, консултант на ОБСЕ
Елена Ивановска – Претставник на министерството за образование и наука
Елена Мицајкова – член на ЛМИ клуб – Скопје, средношколец
ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ВКЛУЧЕНОСТ И ПРОБЛЕМИ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
HIGH SCHOOL STUDENTS IN MACEDONIA CIVIC PARTICIPATION SOCIAL INCLUSION AND PROBLEMS