Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) продолжува со имплементација на четвртиот циклус проектот „Локален Волонтерски Сервис“ во соработка со 6 невладини организации односно Волонтерски Инфо Точки (ВИТ) и тоа Младински образовен форум – Скопје, СППМД – Кавадарци, Младински совет – Охрид, Агтис – Прилеп, Институт за развој на заедницата – Тетово и Организација на жени на општина Свети Николе.
Објавуваме повик за пријавување на волонтери за пополнување на 70 волонтерски позиции. Корисници на волонтерските услуги ќе бидат: локалните самоуправи (општинските администрации) правосудните органи (Основни и Апелациони судови, јавни обвинителства), државни агенции на локално ниво и подрачни министерства. Една петтина од волонтерите ќе бидат сместени во граѓански организации кои работат на локално ниво. Потенцијални волонтери во овој проект се граѓаните со посебен акцент на младите невработени лица и студенти.
Од реализацијата на проектот во 2012/2013 се очекува да бидат обучени 70 волонтери и 70 претставници на институции во областа на волонтерски менаџмент, да се креираат и реализираат 70 волонтерски места во при што ќе се опфатат над 6000 корисници на волонтерските услуги (граѓани).
За сите волонтери е обезбеден надоместок за покривање на трошоците за пат и исхрана за период од 3 месеци. Волонтирањето бара секојдневен ангажман во работни денови по 4 часа. Очекуван почеток на волонтирањето е во текот на месец јануари 2013 година.
Побарајте пријава на следните е-маил адреси:
За Битола – Младински културен центар – Битола: mkcbt@t-home.mk
За Скопје – Младински образовен форум: sanja_bozovik@mof.org.mk
За Прилеп – АГТИС: agtis@t-home.mk
За Тетово – Институт за развој на заедницата: info@irz.org.mk
За Охрид – Младински совет Охрид: mladinskisovet_oh@yahoo.com
За Кавадарци – СППМД: gnancev@sppmd.org.mk
За Свети Николе – Организација на жени: womsvetinikole@yahoo.com
Рокот за пријавување е до 30 ноември 2012 година.
Проектните активности ќе придонесат за имплементација на Законот за волонтерство во РМ донесен на 2 јули 2007, со што се овозможуваат нови пристапи за организирано волонтирање. Целта е да се надминат поранешните состојби на непланско и неорганизирано волонтирање кога волонтерскиот труд не беше ценет и најчесто беше поистоветуван со неплатен труд или губење на време.
Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy (www.ned.org). Ви стоиме на располагање за допoлнителни информации на 047 233 020 или 075 407 169. Контакт лице Златко Талевски.