На 17 октомври 2020 година Младински образовен форум во соработка со Здружението за развој на урбана култура и актуелизација на простор МЕЛЕЕМ Скопје во рамки на проектот „Ангажирани студенти за студентски домови без корупција во Северна Македонија“ поддржан од Фондацијата Отворено општество ја постави првата мала просторна интервенција во студентскиот дом „Пелагонија“ – Скопје.
Идејата за оваа мала просторна интервенција произлезе од Работилницата за мали просторни интервенции во студентските домови која се одржа во февруари а во која учествуваа студенти по архитектура од целата држава, меѓу кои и студенти – станари во студентскиот дом „Пелагонија“.
Со неа, се збогатува и оплеменува просторот во кој ќе престојуваат студентите и се создава дополнителен простор во кој студентите, на отворено ќе можат да го поминуваат своето време.
Оваа мала просторна интервенција е прва од низата просторни интервенции во државните студентските домови „Пелагонија“ – Скопје, „Кочо Рацин“ – Битола и „Браќа Миладиновци“ – Штип. Во текот на месец октомври ќе се реализираат уште две просторни интервенции во домовите „Кочо Рацин“ и „Браќа Миладиновци“.Инаку, тренер и ментор на оваа мала просторна интервенција беше Сара Симоска а тимот кој работеше на идејата беше составен од студентите : Иво Лазароски, Тамара Џерков, Сенад Дослјак, Емилија Ѓорѓиоска, Ангела Таневска и Љупка Коцева.