Процентот на искористена мобилност е незадоволителен, потребен е стратешки пристап за унапредување на политиките за мобилноста во високото образование

IMG_3122

Младински образовен форум на jавната трибина “Рефлексија на политиките за мобилност во високотo образование: Како до исполнување наевропските цели а 2020?“, оддржана на 08.05.2015, во склоп на саемската манифестација „Денови на образование и кариера 2015“ ги презентираше клучните наоди од истражувањето на тема „Мобилност на студенти и академски кадар на Универзитетот Св. Кирил и Методиј“.

На трибината учество земаа:

  • Моника Божиновска [Младински образовен форум]
  • Гоце Величковски [Национална агенција за европски образовни програми и мобилност]
  • Ана Митровска [Национална агенција за европски образовни програми и мобилност]
  • Ведран Диздаревиќ [студент и корисник на Еразмус програмата за мобилност]

Г-цата Божиновска ги презентираше клучните наоди од  истражувањето:

Помалку од 1 % од студенти на УКИМ имаат студирано семестар или студиска година на универзитет во странство во периодот од 2010 до 2014 година.

  • Министерството за образование и наука, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, факултетите во неговиот состав и Заводот за статистика немаат податоци колкав е бројот на студенти од Македонија кои имаат завршено цел циклус на студии во странство. Министерството за  образование и наука не води статистика за бројот на студентите од странство кои доаѓаат да студираат да студираат во Македонија. Ниту една институција надлежна за високо образование нема изготвено анализа за мобилноста во восокото образование.
  • До сега Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”има издадено само 1580 додатоци на дипломa, документ кој според Законот за високо образование е задолжителн за сите студенти кои ги завршиле своите студии.
  • Министерството за  образование и наука нема изработено сопствена стратегија за развој и унапредување на мобилноста во државата, меѓутоа Македонија како земја членка на Европскиот високообразовен простор, ја има усвоено “Стратегијата за мобилност 2020 на Европскиот високообразовна област”. На ниво на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” усвоен e стратегиски план, но не се доставени специфични акциски планови или пак буџетски конструкции за негова имплеметација. Факултетите при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, не се гледаат себеси како надлежни за стратешкото планирање во насока на унапредување на мобилноста. 10 факултети експлицитно одговараат дека немаат усвоено мерки  за унапредување на мобилноста на кои се во согласност со препораките  на Европската  високообразовна област, 6 упатуваат на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” како надлежнаинстанца за ова прашање, од кои дел велат дека реализираат мерки преку програмите кои ги спроведува Универзитетот, иако не дефинираат кои се тие.
  • Факултетите при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” немаат специфичен буџет или предвидени финансии за поддршка на мобилноста. Исто така не предвидуваат финансиска подршка за студенти или академски кадар кој сака да студира во странство, како и финансиска поддршка за студентите од странство кои сакаат да студираат на нивниот факултет.

Г-динот Величковски ги презентираше можностите за мобилност кои се во надлежност на Националната агенција, бројот на доделени и проектирани средства за реализирање на мобилност, притоа давајќи вовед во процедурите низ кои поминуваат апликантите. Г-цата Ана Митровска, зборувашње за бенефициите од Програмата на Ерасмус+, каде Македонија е полноправна членка.

Г-динот Диздаревиќ како студент кој имал можност да реализира кредитна мобилност, наведе дека се работи за мошне позитивни искуство, корисно за секој студент иако во процесот може да се сретнат и недостатоци поврзани со ненавремено исплаќање на предвидените средстсва за реализација на мобилност и потешкотии при наоѓање на соодветно сместувањето. Тој исто така напомена дека особено е важна улогата наЕразмус студентската мрежа [Erasmus Student Network], во процесот на адаптација во новата академска средина.

Настанот беше проследен од студенти, академски кадар и претставници на младински невладини организации.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: