Овој четврток (12.11.2015) во просториите на Младински образовен форум со почеток во 19:00 часот, ќе се спроведе информативна средба за почетните Учиме право клубови во Скопје за оваа учебна година. На оваа средба ќе има запознавање на новите членови, претставување на предавачите, како и дискусија во врска со термините за почетокот на предавањата. Ќе се презентираат работата и активностите на Младински образовен форум и програмата Учиме право и ќе се претстави годишниот курикулум. Ги покануваме сите заинтересирани средношколци да дојдат на оваа средба и да земат активно учество во клубовите кои започнуваат со работа од овој викенд, односно оваа недела.
Младински образовен форум се наоѓа на ул. Дренак бр. 34-А, општина Кисела Вода, во близина на ОУ „Кузман Јосифовски Питу“.
За повеќе информации и прашања пишете ни на ucime_pravo@mof.org.mk или пак јавете се на 02 3 139 692.