Првиот Activate Talks отвори дискусија за младинско учество

На 27 ноември 2014, во кино Фросина во Младински културен центар – Скопје се одржа првиот Activate Talks во Македонија, во организација на UNICEF и Младински образовен форум.

Шестте говорници на настанот имаа инспиративни излагања со кои ги отворија прашањата за вклучување на младите девојки во информатиката, улогата на младите во креирањето политики, правата и можностите на средношколците и нивното претставување, вклученоста на децата со попреченост во општеството и придонесот кој дури и најмладите моажат да го дадат за својата заедница.

Настанот го отворија Амбасадорот Аиво Орав, шеф на Делегацијата на Европската Унија и Д-р Бертран Демулен, претставник на УНИЦЕФ. Господинот Демулен на присутните им порача:
За да учествуваат, младите и децата мора да имаат значајна улога да покажат дека заедницата ги цени и ја препознава нивната вредност и право на достоинство, безбедност и заштита. Благодарение на учеството, децата ги разбираат подобро своите желби и потреби, според вредностите во општеството и нивните права

Валентина Тасева од Семос Едукација ги презентираше ниските проценти на девојки во информациската технологија во земјата, и даде охрабрувачки говор за застапување за родовата еднаквост.

Марко Видачек, четиринаесет годишниот општествено ангажиран новинар, фотограф-аматер и уметник се осврна и на своите исксутва како дебатер, велејќи: Дебатирањето не учи како да ги почитуваме оние кои имаат различни сфаќања од нас. Мора да ги почитуваме различните мислења и да имаме почит кон различните заедници за да го унапредиме нашето општество.

Александар Матовски – Цако, активист за човекови права ги сподели своите искуства и ангажмани во образованието, активизмот и водењето на сопствена радио емисија. Неговиот искрен говор го заврши со повик за еднаквост меѓу луѓето и взамена почит.

Говорот на Јасмина Чашуле беше придружен со видеа од настаните Trash Fashion преку кои учениците стануваат свесни за заштитата на природата и селектирање на отпадот.

ANG_7598Марија Мирчевска од Младински образовен форум зборуваше за средношколското учество во Македонија, и ги сподели успесите на средношколците од Данска, Австрија и Холандија во своето застапување за  сопствени права. Така изјави: Нека не се обидуваат да ве разубедат дека сте млади, неискусни, лесно манипулативни. Вие сте идните акдемски граѓани, вие знаете критички да размислувате, знаете најдобро кои се вашите интереси или проблеми, училиштето е и ваше (не само на наставниците или администрацијата).

Арбен Ристеми од Националениот младински совет зборуваше за потребата младите да бидат вклучени во креирањето на политиките кои ги засегаат. Водејќи се од сопствените искуства во Кичево, тој кажа дека кога младите се мотивирани, можат за своите акции да истрпат студ, снег и ладно време,како што бил случајот кога организале активности за велосипедска патека во градот.

Целосното видео од настанот, заедно со коментарите од публиката може да се погледне на:

Настанот претставуваше одбележување на 25-тата годишнина на Конвенцијата за правата на детето, а УНИЦЕФ ја прогласи 2014-та за Година на иновации за правичност. Во текот на целата година во земји од разни делови од светот се организираа манифестациите “Activate Talks”. Манифестацијата во Скопје беше најновата од серијата на глобални манифестации од овој вид, кои претставуваат собир на иноватори, експерти и активисти здружени во дискусии за нови начини на остварување на правото на децата да учествуваат.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: