Повик за учесници Работилница: Мали просторни интервенции во студентски домови во Скопје, Штип, Битола. Работилницата ќе се одржи од 28.02 до 01.03 2019 година во Скопје.
Студентските домови во нашата земја имаат недостиг на содржини кои ќе го оплеменат престојот на студентите нудејќи нови современи активности за станарите и посетителите. Студентите и станарите имаат идеи за унапредување на овие простори, но ретко кога се консулитрани и нивните предлози се земени предвид.
На оваа тридневна работилница ќе се работи токму на дизајни и идејни решенија за мали но значајни просторни интервенции за три студентски домови во: Скопје, Штип и Битола, а трите решенија кои ќе бидат резултат на тимска работа ќе добијат поддршка за целосна реализација во просториите на домовите. На работилницата ќе се изработат три решенија за заедничките простории или дворните површини во рамки на студентските домови кои ќе имаат за цел да го подобрат престојот на студентитестанари.
Учесниците на работилницата ќе имаат прилика да работат во три групи со менторство на тројца тренери, искусни архитекти. Прочитајте повеќе за менторите на страната на МЕЛЕЕМ
Учесниците на работилницата ќе се здобијат со:
- искуство за разработка на проект во мал размер
- шанса за директно учество во концепција на просторна интервенција
- искуство за изведба на просторна интервенција
- работа во интердисциплинарен тим
- јавна презентација и видливост на својата идеја
Учесниците на работилницата треба да бидат:
- студенти по архитектура, дизајн
- студенти по пејзажна архитектура, градежен факултет, електротехнички, индустриски дизајн и сл.
- сите останати заинтересирани лица, но предност ќе имаат учесниците од погоре наведените факултети
Заинтересираните учесници може да се пријават на формата: https://forms.gle/mp1TQMHf17LNWJ7x8 најдоцна до 25.02.2020. За учесниците кои доаѓаат надвор од главниот град, ќе биде обезбеден превоз и сместување. За повеќе информации може да се обратите на meleemskopje@gmail.com
Работилницата е организирана од МЕЛЕЕМ Скопје, здружение за развој на урбана култура и актуелизација на простор, во рамки на проектот Ангажирани студенти за студентски домови без корупција во Република Северна Македонија, имплементиран од Младински образовен форум, МЕЛЕЕМ, МКЦ-Битола и Легал Тинк.
Целта на проектот е е да придонесе за зголемување на транспарентноста и отчетноста, како и за подобрување на квалитетот на сервисите што ги добиваат студентите во студентските домови преку нивна поголема вклученост и преку локални студентски организации за подобрување на условите во домовите и на студентскиот стандард воопшто.
Проектот е финансиран од Програмата за високо образование на Фондациите отворено општество, преку Фондацијата Отворено општество – Македонија.