Oд 13 до 18 ноември 2018 во Скопје се одржа првата Балканска дебатна академија. Академијата ја организираше Младински образовен форум, во соработка со Отворена комуникација од Србија, Центарот за културен дијалог од Босна и Херцеговина и Дебатниот центар од Косово*, со поддршка на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО). На академијата учествуваа 37 средношколци од Македонија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина. Учесниците беа дел од предавања и интерактивни работилници за дебата и аргументација, човекови права, младинско учество, помирувањето и историјата. На крајот на академијата се одржа дебатен натпревар на кој средношколците низ учество во 30 дебати се натпреваруваа меѓу себе.
По завршувањето на академијата, учесниците од различните држави учествуваа на follow-up активности во соработка со нивните локални дебатни организации.
Во Македонија, на 30ти ноември се одржа тренинг за дебата и јавно говорење во Средното училиште „Орде Чопела“ во Прилеп. Со цел да го споделат знаењето кое го стекнале на академијата, со подршка од Младински образовен форум учесниците организираа и спроведоа еднодневна обука за дебата и јавно говорење. Учесниците, Емилија Темелковска од Битола, Дејана Маркова од Штип и Ана Маркоска од Скопје кои воедно беа дел од стипендираните учесници на Балканската Дебатна Академија, успешно го пренесоа знаењето кое го стекнале на своите врсници од Прилеп.
Во Приштина, Kосово, дебатерите во соработка со дебатните тренери од Дебатниот Центар, кои учествуваа на академијата организираа работилница на 30ти ноември. По дебатната работилница, се одржа и промотивна дебата каде средношколците дебатираа за разликите и сличностите помеѓу балканските општества, влијанието на историјата како и начините на помирување помеѓу младите на Балканот.
Во Првата Белградска Гимназија, Белград, Србија, дебатната организација Отворена Комуникација одржа работилница за дебата каде учесниците на академијата заедно со дебатните предавачи го споделија знаењето и искуството кое го стекнале со дебатерите од Србија. На оваа обука, повеќе од 15 средношколци од Србија имаа можност да научат повеќе за дебатата како алатка за помирување и надминување на разликите.
Во Сараево, Босна и Херцеговина, дебатната организација Центар за култура и дијалог, учесниците организираа јавна дебата на 29 ноември. Во средното училиште Челич, младите дискутираа за начини на кои дебатата може да придонесе кон помирувањето на народите во Босна и Херцеговина. Тезата на оваа јавна дебата беше: ,,Дебатата може да придонесе кон помирување помеѓу младите во Босна и Херцеговина”, и средношколците имаа можност со присутните да ги споделат своите искуства од Балканската Дебатна Академија, каде токму овие прашања беа разгледувани.