Барај
Close this search box.

Работна средба: Уредување на средношколското организирање

Финални консултации за предлог препораки

Младински oбразовен форум, Коалиција СЕГА и Прва детска амбасада Меѓаши организираат работна средба за уредување на средношколското организирање, која ќе се одржи на 7 декември (понеделник) 2015 со почеток во 11 часот во хотелот  Хотел Холидеј ин.

Работната средба за Уредување на средношколското организирање ќе биде повеќечасовен настан кој има за цел да ги претстави  добиените препораки од локалните дискусии и националната работилница[1] и да се спроведат финални консултации со важните чинители за предлог препораки за уредување на средношколското организирање. Истата ќе овозможи простор за дискусија околу значењето на организирањето и учеството на средношколците во процесите на одлучување и нивно вклучување во работата на телата кои функционираат во училиштата.

Преземете ги препораките за средношколско организирање тука.

На сребата организаторите ќе презентираат препораки за законско уредување на средношколското организирање учесниците ќе можат да земат збор во првата дискусија и да ја презентираат својата и позицијата на организацијата или институцијата која ја претставуваат. Добиените мислења и препораки се значајни во креирање на финалните препораки кои ќе се достават до надлежните институции.

Во рамките на панел дискусиите и обраќањата на говорниците, ќе се зборува за учеството на средношколците во управувањето, ќе биде образложен досегашниот процес на консултации за уредувањето на средношколското организирање во Македонија и ќе се промовираат добиените порепораки од локалните дискусии и националната работилница и отворат за дискусија                                                                                                                       

На настанот се добредојдени претставници на сите средни училишта, средношколски заедници, институции и организацџии кои би можеле да дадат придонес во процесот на подобрување на средношколското организирање. Вашето учество треба да го најавите на:

martina_ilievska@mof.org.mk

[1] Процесот на консултации со средношколци и претставници на органите на средните училишта (родители, професри, психолози, педагози, претставници на невладини организации) се одржа во месец ноември. Во овој период се одржаа 82 средби во кои учествувааопфатени повеќе од 500 учесници. Од средбите произлегоаа препораки кои беа разработени и сумирани на национална работилница која се одржа во периодот 26-29 ноември во Струга.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: