Работни вештини за младинска независност

На 11 март 2011 со почеток во 12:00 часот во Кино Фросина, Младински културен центар Скопје, се одржа настанот „РАБОТНИ ВЕШТИНИ ЗА МЛАДИНСКА НЕЗАВИСНОСТ“, посветен на промоција на 220 млади луѓе кои во периодот октомври – декември 2010 и јануари – февруари 2011 се стекнаа со различни работни вештини,  подготвени за вработување во македонски компании.

„РАБОТНИ ВЕШТИНИ ЗА МЛАДИНСКА НЕЗАВИСНОСТ“ е настан на кој се промовираа 220 млади од Македонија кои успешно го поминаа циклусот Обуки за работни вештини организиран од Младински образовен форум [МОФ] во 5 градови во Македонија [Скопје, Штип, Битола, Струга и Тетово] во склоп на проектот Младинска независност. Проектот е реализиран во соработка со 3 локалани организации: Младински културен центар – Битола, Фондација за развој на локалната заедница – Штип и Здружение за развој и активизам AКВА – Струга и поддржан од 4 универзитети: Прв приватен универзитет – ФОН, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово.

На конкурсот за учесници на Обуки за работни вештини објавен во октомври 2010 се пријавија над 800 апсолвенти и дипломци кои ја препознаваат потребата од  дообразување и унапредување на своите работни вештини. Учесниците следеа циклус од седум обуки кои имаа за цел да им дадат знаења кои не се стекнуваат во формалното образование а ќе ги направат поконкурентни на пазарот на трудот. Обуките вклучуваа: Kомуникациски вештини; Лидерство; Mотивација и тимска работа; Управување со проектен циклус; Претприемништво и бизнис план; Менаџирање на настани; Европски фондови и Финансиска писменост.

„Како проблем се појавува феноментот – партиска книшка за вработување во државна администрација, не само кај студентите туку и средношколците, што претставува проблем земајќи го во предвид истражувањето на МОФ според најпривлечен сектор за вработување кај средношколците е јавната администрација, односно 37% од средношкоците себе си се гледаат како вработени во државна институција. (…) Претставува особено задоволство што дел од учесниците на обуките денес не беа во можност да дојдат и лично да го подигнат својот сертификат, бидејќи по завршувањето на овие тренинзи успеаа да се вработат и денес се на своите работни места.“ – Марјан Забрчанец, Извршен директор на Младински образовен форум.

На настанот присуствуваа гости од бизнис секторот и граѓанскиот сектор кои имаа можност да се запознаат со содржината на овие обуки и со учесниците на истите. Претставници од граѓанскиот и бизнис секторот изразија поддршка за овој проект и интерес за овозможување на пракса и можност за вработување на дел од учесниците.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: