Денес, 19.03.2015, со почеток од 15:00 часот на Радио МОФ (www.radiomof.mk) ќе се одржи дебата на тема Средношколски протести – Права, притисоци и уцени.
Гости во дебатата се заменичката на народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа, Теано Кардула и Калина Трајаноска од Средношколски пленум, како и Антонио Даниловски од Младинскиот образовен форум. Дебатата ќе ја модерира новинарката Јасмина Јакимова.
Флаери и плакати со навредливи содржини, уцени од училишните раководства , заклучени врати се само дел од притисоците со кои се соочуваат средношколците во екот на средношколските протести против новиот концепт на државната матура и екстерното тестирање.
Од каде доаѓаат притисоците и како да се одговори на нив, кои се правата на средношколците, но и како реагираат институциите на јавните шикарања и негативните кампања се прашањата на кои ќе се дискутира на дебатата во Радио МОФ насловена „ Средношколски протести – права, прититисоци и уцени“.
Дебата можете да ја следите на следниов линк