Радио МОФ – LIVE!

Ве покануваме да се закачите на етерот на Радио МОФ и заедно да го прославиме нашиот 3ти роденден.

По тој повод ви подготвивме програма каде 24 часа во живо ќе слушате и гледате Радио МОФ.

Видео преносот започнува со утринско размрдување заедно со Николај и Жарко во 8.00, а завршува во 21 часот. Кога започнува журката.

Како и секогаш аудио преносот ќе биде постојано активен.

Програмата е следна:

08.00 – 11.00 Утринска програма – Бесрамна самопромоција

11.00 – 11.45 Виножитото еден ден ќе го краси небото
Ирена Цветковиќ – Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници
Љубомир Фаизов – Хелсиншки комитет за човекови права
Антонио Михајлов – Субверзивен Фронт
Беким Асани – LGBT united Macedonia
Модератор: Сања Стефановиќ

12.00 – 12.45 Кругот се стеснува
Веса Букла – Заедно против загадувањето на Тетово
Марко Соколовски – Go green Macedonia
TBA
Модератор: Кирил Арсовски

13.00 – 13.45 Не гледам, не слушам, не пренесувам
Зоран Бојаровски – Алфа
Тамара Чаусидис – Независен синдикат на новинари и медиумски работници
Владо Апостолов – Фокус
Љубица Гроздановска – Diversity media
Модератор: Кристина Озимец

14.00 – 14.45 Пуст живот студентски
Сандра Живковиќ – MOФ
Благица Петрова – Излез
Ана Тодоровска – Отворен куфер
Анита Цветанова – Отворен куфер
Марија Павлевска – студент
Модератор: Атанас Димитров

15.00 – 15.45 Акции за права – нужност или утопија
Наде Наумовска – ФООМ
Џељо Хоџиќ – 8ми септември
Тамара Атанасоска – активист
Драшко Костовски – ХЕРА
Модератор: Марјан Забрчанец

16.00 – 16.45 Мрежа за сите
Владислав Бидиков – kajgana.com.mk
Виктор Дано – it.com.mk
Андреј Трајчевски – Хаклаб КИКА
Дамјан Георгиевски – Слободен софтвер Македонија
Модератор: Марко Ѓорѓиев

17.00 – 19.00 МОФ-овска разонода

19.00 – 21.00 Радио МОФ џумбус


Live streaming video by Radio MOF

Сподели