За седмиот роденден на Радио МОФ, тимот подготви богата програма составена од тричасовно отворено студио со сегашни и поранешни водители и луѓе кои биле дел од радиото, дебатна емисија „На Час“ на тема „Сексуалното образование во училиштата – желба или реалност?“, како и забава во Јавна соба на која се одржа концерт, диџеј сет, караоке забава и мала изложба со најуспешните производи објавени на Радио МОФ.

На отворената програма, новинарите на Радио МОФ беа водители, а водителите гости. Програмата траеше три часа и беше од забавен карактер, а публиката можеше да ја следи и на Фејсбук преку лајв стрим.

Во емисијата „На час – Кренете два прста за подобро образование“, се зборуваше за сеопфатното сексуално образование, кое повторно го нема во Стратегијата за образование 2018-2025 година. Гостуваа Ирена Цветковиќ од Коалиција Маргини, Јована Ананиевска и Лина Даневска од ХЕРА и Владимир Делов од МОН.

Учениците од основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари натапија во Јавна соба со својата уникатна музика. На роденденот на Радио МОФ, тие покажаа како звучи рокот со примеси на ромската музика. Ова беше втор нивен настап во живо.

После настапот на Roma Rock School, забавата продолжи со диџеј сетот на DD’s Sensation, како и незаборавната караоке соба која привлече огромно внимание.

Во Јавна соба можеа и да се видат и најчитаните стории на Радио МОФ во изминатите седум години, како и некои од документарните репортажи изработени од новинарскиот тим и музичките видеа направени во студиото на радиото.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: