Младински филмски клубови на МОФ и МакеДокс
Период 12/03/2015 – 31/12/20152015
Донатор: National Endowment for Democracy
Носители на проектот: МакеДокс (Здружение за промоција на документаристика) во партнерство со МОФ
Краток опис за проектот:
Младински образовен форум во партнерство со МакеДокс реализира проекции на документарни филмови низ дванаесет градови во Македонија ( Скопје, Тетово, Дебар, Кичево, Струга, Ресен, Битола, Гевгелија, Неготино, Велес, Кратово и Куманово) во период од седум месеци, март-мај и септември-декември.
Проектот има за цел подигање на свесноста за човековите права низ филм. Филмовите кои се одбираат за проекциите се охрабрувачки и позитивни, но дел се занимаваат со помалку весели или „тешки“ теми. Заедничко за сите е што се комплексни, многуслојни и немаат едноставна порака.
После секоја една проекција публиката има можност да дискутираат на темата која ја обработува филмот, а секоја дискусија има и свој модератор. На проекциите гостуваат и професионалци од избраните области кои се обработуваат преку документарните филмови кои се прикажуваат.
СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:
28/10/2024