Разбуди се со боите на летото, младинска волонтерска акција во Неготино

Младински образовен форум Ве поканува на волонтерска акција „Разбуди се во боите на летото“ организирана во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, која ќе се одржи во Центарот ПОРАКА Неготино на 28 јуни 2015 година во 10:00 часот.

Еднодневната волонтерска акција „Разбуди се во боите на летото“ има за цел:

– Активирање на младите и промовирање на волонтерството како важен сегмент на општеството;

– Обновување и ревитализација на дел од просторот на дневниот центар ПОРАКА Неготино;

– Зголемување на свеста на младите за јавните добра.

Од големо значење за младите во младинскиот клуб на МОФ во Неготино претставува соработката со Центарот ПОРАКА Неготино. Оваа волонтерска акција претставува голем чекор за двете наведени страни и е наменета за уредување на игралиштето и дворот кои се дел од овој центар, а ги користат лицата со попреченост. На акцијата можат да се приклучат сите млади лица од локалната заедница.

Заеднички да им помогнеме на оние кои најмногу имаат потреба!

Сподели