Барај
Close this search box.

Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини

Период на реализација: декември 2013 – јуни 2015

Донатор: Европска Унија

Координатор и ко-координатор на проектот: Младински образовен форум; Центар за меѓукултурен дијалог

Партнери:Центар за развој на заедницата – Кичево; Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар; Аква – Струга; Младински иницијативи за дијалог и соработка – Битола; Фокус – Велес; Регионален центар за одржлив развој – Кратово; Центар за регионален одржлив развој – Неготино; Регионален центар за застапување – Делчево;

Краток опис на проектот:

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување,кои најдобро можат да ги идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат и да понудат решенија во спроведувањето политики за нивно решавање. Проектот е финансиран од Европска Унија (ИПА Програма – Civil Society Facility).

Цели на проектот:

  • Зајакнување на капацитетите на локалните младински структури и зголемување на младинското учество во процесите на донесување на одлуки на локално и национално ниво;
  • Воспоставување на формални принципи на комуникација помеѓу младинските структури и општините и помаѓање на нивното директно вклучување во процесите на донесување одлуки на локално ниво;
  • Зголемување на младинското учество и активизам преку развој на практики насочени кон заедницата поврзани со локални младински политики.

Проектот е поделен во неколку фази и вклучува креирање локални младински јадра во 12 општини, соработка со локалните самоуправи, креирање репрезентативни иницијативни младински одбори во 12 општини, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети во 12те општини,со поддршка од локалната самоуправа.

По основањето, локалните младински совети ќе започнат со работа и со реализација на сопствени младински локални акции. Локалните младински совети работат на креирање локални младински стратегии во 12 општини.

Очекуваните резултати на проектот вбројуваат: основање на 12 Локални младински совети или други форми на младинско претставништво, усвојување на 12 локални младински стратегии, обучување на повеќе од 250 млади луѓе во рамките на проектот во сите општини кои се дел од активностите, зголемување на знаењата на млади активисти и младински структури во полето на значајно младинско учество и креирање на тематска мрежа со цел споделување на знаење и позитивни практики помеѓу локалните младински совети.

 

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: