Медиа/Арт клубот – Велес на Младински образвовен форум, на ден 22.12.2018, со почеток од 12:00 часот, во дворот на НВО во Велес, го организира завршниот настан на клубот „Reborn Yard“.
Преку овој настан се планира интервенција во јавниот простор, поточно ќе се изврши репарирање и менување на покривната конструкција на Летниковецот, ќе се изврши фарбање на неговата конструкција, како и на клупите и постоечката маса. Исто така се планира покривање на ѕидот на зградата од Домот на НВО кој е нагрден со невкусни графити и на некои места е оштетена фасадата на Домот на НВО.
Целта е подигање на свеста кај граѓаните за уреден и незагаден јавен простор, искористување на јавниот простор и негово разубавување. Исто така, преку овој настан ќе се мотивираат и вклучат младите во разубавување на јавниот простор и би се промовирале волонтерските вредности, со што би испратиле позитивна порака во локалната заедница.
Сите велешани и велешанки, кои сакаат да учествуваат и да помагат за време на оваа акција се добредојдени.
Медиа/Арт клубовите се место за млади луѓе кои сакаат креативно да ги изразат своите ставови и идеи. Младите членови добиваат можност да научат како да снимаат видеа и аудио прилози, да создадат фото приказни, да научат за перформативна и урбана уметност и да ги користат новите медиуми и техники на уметност со цел да се постигне младински активизам и помагање на локалната заедница. Предавањата во Медиа/Арт клубот ги држат млади луѓе со искуство во ова поле на дејствување. Овие клубови спаѓаат под Програмата за младински активизам.
„Проектот е финансиран од Фондација Отворено општество- Македонија.“