Барај
Close this search box.

Регионален дебатен турнир – Неготино 2015

Изминатиов викенд, Неготино беше центарот на дебатните случувања во Македонија. Имено, на 14 и 15 август  се одржа првиот регионален дебатен турнир „Неготино 2015“. Во овие 2 дена дебатираа млади средношколци кои се членови на МОФ дебатните клубови во 3 градови: Кратово, Велес и Неготино. Локацијата на турнирот беше манастирот „Св.Ѓорѓија“, а учество  земаа 18 дебатери, 9 судии  и 4 стафери кои се погрижија турнирот да се одвива во најдобар ред.

Учесниците на турнирот во 4 прелиминарни рунди и финале си ги одмерија дебатните способности. Тезата која им беше дадена за подготовка пред почетокот на турнирот беше „Овој дом би наметнал демократија“, а за време на турнирот дебатерите добија уште две импромпту тези за кои имаа само еден час да подготват случај.

Прво место на турнирот освои тимот од Велес составен од: Марија Мијакова, Илина Димовска и Филип Христовски ;
Второ место освоија Зорица Капетанова, Софија Илиевска и Митко Јаначков од Неготино;
Додека пак на трето место се пласираше тимот на : Арсениј Перцов, Константин Атанасов и Александар Милошевиќ од Велес.

Најдобрите говорници на овој регионален турнир беа:
Стефан Трајков – Прво место
Филип Христовски и Марија Мијакова го делеа второто место
Илина Димовска – Четврто место
Тимотеј Илиев – Петто место

Главен координатор на овој успешен настан беше  дебатниот тренер Стефан Андонов кој со помош од членовите на неговиот дебатен клуб успеа да го организира овој турнир, прв од ваков карактер.

Дебатниот клуб во Неготино е поддржан од Проектот на Усаид за граѓанско општество и Фондација отворено општество Македонија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: