Регионални дебатни турнири во Скопје и Тетово, Национално дебатно првенство

На 30 и 31 март се одржаа двата последни регионални турнири во Скопје и Тетово со што заврши квалификацискиот циклус за Националното дебатно првенство 2013.

Минатиот викенд  во Тетово, квалификацискиот турнир на кој учестуваа дебатерите од Тетово, Дебар, Куманово и Струмица се одржа во С.Т.У. „Ѓоце Стојчевски“. Во финалето на турнирот дебатираа два тима од тетовскиот клуб. Победник во финалето на овој турнир е тимот “Goran’s Angels” (Софија Петровска, Мартина Самојловска и Сара Јанеска) се  натпреваруваа со тимот “The Great Debaters” ( Марија Зафировска, Елена Котевска, Стефан Серафимоски). Покрај овие два тима, трето рангираните “Goran’s legends” од Тетово и тимот од Куманово ќе учестуваат на националното дебатно првенство.

Дебатниот турнир во Скопје се оддржа во просториите на СУГСГ „Орце Николов“ , каде учество земаа дебатери од дебатните клубови во Скопје. На турнирот учествуваа 60 дебатери, односно 20 тима, што го прави најголем квалификациски турнир оваа година. Во финалето се натпреваруваа „За два денари“(Петар Ивановски, Вероника Рајчин и Филип Бујаровски), кои загубија од тимот “Schiphol” (Симона Сарафимовска, Глигор Мицајков и Ксенија Трајковска). Поради големиот број на учесници на овој турнир, бројот на тимови кои учестуваат на завршниот турнир на Националното дебатно првенство сеуште не е утврден.

На регионалниот дебатен турнир во  Скопје и Тетово, средношколците ја дебатираа тезата „Употребата на илегални дигитални алатки за постигнување политички цели треба да се декриминализира“. Дебатерите во текот на оваа недела ќе добијат втора теза, која ќе треба да се подготвуваат за завршниот турнир во  Скопје. Главните судии на турнирот ги креираат тезите на овогодинешното првенство според глобалната тема на ИДЕА (Интернационалната дебатна едукативна асоцијација)- „Дигитална слобода“.

Преку дебатата младите имаат можност да го искажат својот став на теми од големо значење за сите млади во Македонија кои подеднакво ги засегаат.

Регионалните турнири во Скопје и Тетово се дел од циклусот турнири организирани од МОФ во рамките на Националното дебатно првенство. Најдобрите 4 тима од секој турнир ќе учествуваат на финалниот Национален дебатен турнир во Скопје. Регионалните турнири беа поддржани од СУГСГ „Орце Николов“ во Скопје и С.Т.У. „Ѓоце Стојчевски“ во Тетово. Националното дебатно првенство вклучувајќи ги Регионалните турнири се овозможени од Фондација Отворено општество Македонија и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Преземи рангирање на говорници од турнирот во Скопје
Преземи рангирање на тимови од турнирот во Скопје

Преземи рангирање на говорници од турнирот во Тетово
Преземи рангирање на тимови од турнирот во Тетово

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: