Во склоп на работењето на дебатната програма, како и на некои од тековните проекти, често се одржуваат регионални турнири, кои служат како средство за подобрување на вештините на учесниците и како систем за квалификација за учество на меѓународните турнири. На овие турнири учествуваат слушатели од средните школи во Република Македонија.
Секоја година дебатната програма организира два турнири за почетници, како и еден турнир кој е генерален за сите дебатери, а најдобрите говорници на овој турнир имаат шанса да учествуваат на светското првенство дебата ИДЕА Форум за млади.