Република Млади во Кратово: 82% од младите безнадежни дека може да влијаат на работата на властите.

Republika Mladi vo KratovoВчера, во општинската зграда на Кратово, се одржа јавна дебата на која младите од овој град имаа можност отворено да зборуваат за своите проблеми и интереси. Десетта дебата во овој циклус Република Млади, ги предизвика младите во Кратово да поставуваат прашања, но и да бараат одговори од институциите.
Младите кратовчани ги истакнаа недостатоците на овој град, па така многу млади се незадоволни од недостатокот на театар и кино. Непостоењето на локален медиум ги прави неинформирани и исклучени од дневно политичките настани на локално ниво. Младите им се обратија и на институции кои имаат одговорност за оваа состојба. Тие се прашуваат зошто нивниот глас не стигнува до надлежните институции, зошто градот не нуди повеќе можности и услови кои се од искучителна важност за развојот на еден млади човек.

Најголем дел од дискусијата  беше  насочена кон формите на организирање на младите, т.е. младински парламент. Ова тело би требало да претставува највисоко претставничко тело на младите, кое доколку се спроведе на соодветен начин, може да го претставува гласот на младите, во здружена форма да постигнат заеднички цели.

Мустафа Јакупов од РРОМА изјави дека: „проблемите на младите се унифицирани, без разлика на верска, национална, или било каква друга, припадност“.  Исто така, тој посочи дека владее апатија кај младите и дека оваа пасивност мора да се замени со активно граѓанство, каде што младите би станале проактивни за работите кои ги засегаат. Тој ги посоветува присутните да се здружат за да постигнат промена.

Младите се сложни во ставот дека локалните власти не покажуваат доволна заинтересираност за нив. Гоце Стојановски од Здружение за независни иницијативи „ЦНГИ“, смета дека младински парламент е одлична алатка за да се пласираат младински идеи. Тој ги повика младите да покажат поголема иницијатива, што доведе до генерален впечаток дека најголем проблем на младите е пасивноста, и од страна на институциите и од страна на младите. 

Неминовно е да се спомене и поразителениот факт дека дури 82% од средношколците во Кратово сметаат дека не можат да имаат или можат да имаат мало влијание врз властите покажуваат резултатите на Реактор. Според последните податоци од Заводот за статистика, во Кратово живеат 2.116 млади на возраст од 15 до 29 години, и сочинуваат 21.5% од вкупното население. Од нив 448, или 23% од вкупно пријавените 1.942 се невработени. Во најстарата возрасна група, младите на возраст од 25 до 29 години невработеноста е најзастапена, со тоа што дури 30% активно бараат, а не можат да најдат работа. 

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: