Иницијативата за одбрана на учеството, поддржана од 47 младински и граѓански организации организира циклус од 18 јавни дебати во 18 градови во Македонија чија основна цел е да ги поттикне младите директно да ја практикуваат демократијата и самостојно да одлучуваат за своите приоритети.

Иницијативата ги повикува сите млади и сите граѓани кои биле млади да се вклучат во овој консултативен процес и да помогнат со идеи за следниве младински прашања:

 

  • Учество на младите во одлучувањето – како да се обезбеди?
  • Интеграција, анти-дискриминација, толеранција – како да се почитуваме?
  • Невработеност – како да ја намалиме?
  • Активизам и граѓанска одговорност наспроти апатија – што не спречува?
  • Младинско организирање – монопол или плурализам?
  • Национален младински парламент – кој е најдобриот модел?
  • Закон за млади – дали и каков закон ни е потребен?

Овие прашања ги засегаат сите: средношколци, студенти, дипломирани, вработени, невработени, организации, неформални групи, друштва, институции, компании, подмладоци на партии, медиуми, млади и граѓани.

Дискусиите од дебатите ќе резултираат со Бела книга за поддршка на младите во Македонија, студија која ги дефинира проблемите и предлага решенија и ефективни политики за млади.

Белата книга ќе биде достапна на јавноста и доставена до сите релевантни институции.

Календар на јавни дебати
Тетово | 31 јануари (вторник)
Кичево | 02 февруари (четврток)
Куманово | 04  февруари (сабота)
Велес | 06 февруари (понеделник)
Штип  | 07 февруари (вторник)
Струмица | 08 февруари (среда)
Битола  | 13 февруари (понеделник)
Ресен   | 14 февруари (вторник)
Охрид  | 15 февруари (среда)
Дебар  | 16 февруари (четврток)
Прилеп  | 16 февруари (четврток)
Струга  | 17 февруари (петок)
Скопје  | 20 февруари (понеделник)
Гевгелија | 22 февруари (среда)
Неготино |23 февруари (четврток)
Гостивар | 24 февруари (петок)
Делчево | 28 февруари (вторник)
Кратово  | 29 февруари (среда)

Фејсбук настан: РЕПУБЛИКА МЛАДИ

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: