Младински образовен форум и коалицијата „Рестарт Спортски – Тетово“ Ве поканува на настанот „Summer Kickoff Festival“ организиран во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој ќе се одржи во Спортскиот центар во Тетово на 10 јуни 2015 година со почеток во 18:00 часот.
Главната цел на овој настан е размена на информации за претстојните настани и повици, како и да им се даде поттик на сите да учествуваат во застапувањето за иднината на паркот. На тој начин ќе се помогне во задоволувањето на главните цели – овозможување и зајакнување на граѓаните на Тетово да ја преземат сопственоста на паркот. Со музика, поезија и визуелни уметнички активности кои ќе бидат организирани од страна на невладини организации ќе се покаже културниот потенцијал за просторот на центарот. Паркот е одличен ресурс на заедницата која треба да ја преземе одговорноста за него и да се бори за него.
Kоалицијата „Рестарт Спортски – Тетово“составена од локални организации, активисти и волонтери со овој настан ќе ја рестартира својата кампања за реконструкција на спортскиот центар во Тетово, со инспирирање и мобилизирање на граѓаните и локалните власти да преземат одговорност за паркот. Кампањата, која започна минатата година, започна со низа еко акции во паркот, а заврши со успешен спортски турнир со стотици учесници и гледачи. “Имавме голема грасрут кампања минатата година, со силна поддршка од бизнис секторот и граѓаните”, рече организаторот и американскиот волонтер од Мировниот корпус, Дејвид Неш-Mендез. “Оваа година сме повеќе организирани и има повеќе енергија да се подигне свеста на заедницата и општината на потребата за обнова на овој одличен ресурс што го имаме тука во Тетово.”
Рестарт Коалицијата има за цел да го сврти вниманието на трошната состојба на спортскиот центар во Тетово. Тие се надеваат не само да се направи реконструкција на паркот кој е приоритет за жителите на Тетово, но, исто така и жителите подобро да се грижат за паркот. Коалицијата подготвува интерактивни презентации за паркот со кои ќе се поттикне преземање индивидуална одговорност за чистотата и изгледот на јавниот простор. Овие презентации ќе бидат направени во локалните училишта, здруженија и организации.
Дознајте повеќе за Рестартирајте Коалицијата на facebook.com/RestartTetovo