Резултати од конкурсот за најдобар постер и најдобар краток видео клип на тема „Зошто гласам “

Во склоп на кампањата чија цел е да ги поттикне граѓаните на Македонија масовно да излезат на претстојните предвремени Парламентарни избори 2011, беше организиран отворен конкурс за најдобар постер и најдобар краток видео клип на тема „Зошто гласам?“.

На конкурсот кој беше отворен 10 дена, пристигнаа 171 постер од 96 автори и 30 видеоклипови од 27 автори. По затворањето на рокот за пријавување, гласањето за избор на победниците се одвиваше преку фејсбук страната на кампањата “Гласам”, www.facebook.com/glasam, во периодот од 21 мај 2011 во 00:00 часот до 28 мај 2011 година во 00:00 часот.
За само 8 дена од периодот за гласање, преку 15.000 Фејсбук корисници го дадоа својот глас за некое од идејните решенија.
Вкупниот награден фонд на конкурсите изнесуваше 2000 евра.
Тимот на „Гласам“ им се заблагодарува на сите кои учествуваа на конкурсот и на сите кои гласаа за понудените решенија и со тоа го промовираа правото на глас.
Во продолжение проследете ги победничките решенија од конкурсите:

ВИДЕОКЛИПОВИ
I место

Реден број: 1
Наслов:Гласај

Автор: Гнасни деца продукција

II место Реден број: 26
Наслов:
Зошто гласам
Автор: Марио Давчевски

Реден број: 15
Наслов:
Излези
Автор: Андреј Деспотоски

ПОСТЕРИ

I место

Реден број: 16
Наслов: Јас не сум хамбургер
Aвтор: ChaCha

II место

Реден број: 114

Наслов: Гласај! Одлучи сам за својата иднина
Автор: Александар Марковски

III место

Реден број: 138
Наслов:Гласањето е патриотски
Автор: Александар Брашнарски

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: