Здраво студент(к)и и добредојдовте на сајтот на Младински образовен форум (МОФ) во делот специјално наменет за нашата кампања: Розово високо образование.

Кампањата Розово високо образование е резултат на спроведеното регионално истражување за перцепција на корупцијата во високото образование. Ова истражување МОФ го спроведе како дел од проектот Антикорупциска студентска мрежа во Југоисточна Европа, каде МОФ е членка заедно со организации од: Молдавија, Србија, Хрватска и Бугарија.

Регионалното истражување веќе е завршено и истото во целост (со најинтересните информации, методологијата и малку повеќе информации за мрежата) можете да го преземете на овој сајт.

Во овој момент тимот на АЦСН во МОФ работи на кампањата: Розово високо образование, чија главна цел е да ги промовира овие резултати и да упати јасни пораки до студентите за моменталната ситуација.

Кампањата Розово високо образование е саркастичен приказ на состојбите во високо образование. Иако розова и весела, таа се обидува да покрене свест за сериозноста на проблемот, притоа мотивирајќи ги студентите да реагираат и да се спротистават на појавата на корупција. 

Доколку сакате како студенти да се вклучите во кампањата, сите наши алатки ги оставаме отворени за да можете да си ги испринтате и да ни се приклучите во борбата против корупцијата во високото образование.

До сега овие алатки ги имаме во кампањата:

  1. Брошура од истражувањето
  2.  

  3. Алатки за кревање на свеста во борбата против корупција во високото образование

    • Галерија од постерите за кампањата: РОЗОВО високо образование

    •  

    • Галерија од стикерите за кампањата: РОЗОВО високо образование
    •  

       

    • Галерија од букмаркси за кампањата: РОЗОВО високо образование

    •  

    • Аудио поткасти.

      Бидејќи МОФ е шизичка организација имаме и он лајн радио, и за да не остане неискористено решивме да направиме и кратки реклами за кампањава кои се достапни тука.

Во продолжение можете да го видите Инфографикот од регионалното истражување на перцепцијата за корупција во високото образование

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: