На 17-ти и 18-ти јануари се организираше турнир меѓу дебатните клубови на Штип и Велес, соодветно наречен „Пастрмагедон“ 2014. Турнирот имаше за цел да служи како подготовка на дебатерите за идното Национално првенство кое ќе се одржи оваа пролет како и да ги запознае со тези и техники на дебатирање кои се својствени за напредни дебатери.
Тезата на турнирот беше „Зимските олимписки игри Сочи 2014 треба да бидат бојкотирани“. Дебатерите имаа 4 прелиминарни рунди по што следеше финале меѓу двата најдобри тима. Во финалето учестуваа тимовите Хенри XII и Путин, Меркел и Обама, кои се состоеја од говорници од Штип и Велес. Турнирот го освои тимот на Хенри XII, со едногласна одлука од панелот составен од 7 судии од Штип, Скопје и Велес.
Најдобар говорник на турнирот беше Ева Георгиева од тимот Hooligans, со 106 говорнички поени од 4-те прелиминарни рунди.
Преку викендот дебатерите од двата града имаа време да се запознаат подобро едни со други и според фактот дека овој турнир е потик за што повеќе локални турнир кои ќе преминат во годишна традиција, може да заклучиме дека клубовите од Штип и Велес ќе соработуваат заедно уште долго време.
Дебатната програма е поддржана од Фондација отворено општество Македонија, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и Инстуционалниот грант на Меѓународната дебатна и едукативна асоцијација(ИДЕА)