Вчера тимот на Младинскиот образовен форум ја спроведе Евроквизија. Пријавените учесници имаа можност да се натреваруваат во живо преку играње на квиз на платформата „Kahoot“, а најдобро пласираните ќе имаат уште една можност да си ги пресметаат силите и да освојат една од трите главни награди.

Целта на оваа активност е поттикнување на младите да научат повеќе за Европската унија и нејзините институции.
За остварување на оваа цел, на пријавените им беа испратени линкови каде можеа да го зголемат своето знаење и да се информираат.

За дел од прашањата беше доволно и општото познавање, а за дел од нив беше потребно и познавање за работата на институциите и Европската Унија низ годините. Секако беше опфатена и историјата за почетоците на Унијата и државите кои први се приклучиле.
Во финалето ќе се натпреваруваат првите 20 пласирани, каде прашањата ќе бидат потешки и ќе бараат поголемо знаење за Унијата. За овој дел од натпреварот исто така ќе им биде испратен материјал за читање на учесниците.
Активноста е организирана во соработка со „Europe House“, поддржана од Европската Унија.