Се отвори изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ во Штип

Младински образовен форум во соработка со Општина Штип, на 20.02.2018 во просториите на ОМЦ „Киро Глигоров“, ја постави изложбата „Ана Франк – Историја за денес“.

Изложбата во овој град беше поставена до 06.03.2018 година, а за истата беа доста заинтересирани граѓан(к)ите на Штип.

Учениците кои учествуваа во работилницата за водичи, беа од приватното средно училиште „САБА“, додека работилницата ја одрживме во просториите на ОМЦ „Киро Глигоров“.

На самото отворење на изложбата со поздравни говори се обратија Весна Трајковиќ од Младински образовен форум, Кирил Панајотов од ОМЦ „Киро Глигоров и Биљана Казанџиска од Општина Штип.

Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ е составена од 39 панели, преку кои се покажуваа животот на младата Ана Франк, како и за Втората светска војна, имено Холокаустот. До сега изложбата патувала во 15 различни градови во Македонија, додека водичи на посетителите беа млади луѓе, обучени средношколци.

Целта на проектот е да поттикне дискусија и да го покрене вниманието за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за различни поделби и генерирање на конфликти во минатиот век.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, Министерството за надворешни работи, Министерство за образование и наука, Амбасадата на Кралството Холандија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: