Сегрегацијата не е решение

“Nasil Струга ska друга“ беше насловот на трибината која денеска ја организираа членовите на Локална младинска иницијатива – Струга, како дел од активностите на Младински образовен форум (МОФ). Млади Македонци, Албанци, Турци и Роми од МОФ – Струга порачаа дека во средните училишта во Струга учат заедно, дека не се поделени во етнички смени и дека знаат да ги почитуваат различностите на секоја етничка заедница.

Младите информираа дека ќе се борат против секој облик на сегрегација во нивната општина и дека ќе влијаат врз своите врсници, професори и родители да се почитуваат разликите кои произлегуваат од етничката припадност, културната определба и социјалниот статус. Порачаа дека нема да дозволат надворешни влијанија да го нарушат традиционалниот соживот во Струга и побараа од институциите и политичките партии да им помогнат заедно да ја промовираат интеграцијата. 

Учесниците на трибината се согласија дека Стратегијата за интергрирано образование треба да почне да сепроведува интензивно и доследно и побараа државата да создаде создаде платформа и услови за непречено заедничко функционирање на младите, без оглед на нивните различности.
Настанот е дел од проектот Локална младинска иницијатива кој здружува млади од различни етнички и културни заедници околу заедничко решавање на локалните и националните младински проблеми.

Сеграгацијата не е решение!

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: