Младинскиот образовен форум и Радио МОФ објавуваат повик за учество во Школа за новинарство за средношколци што сакаат да истражуваат и да пишуваат новинарски текстови.Работилницата е наменета за млади кои се заинтересирани за новинарството и сакаат да известуваат за настаните, проблемите и активностите во нивните училишта и локални заедници. Повикот е отворен за учениците од прва, втора и трета година од следниве средни училишта:
- СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола
ССОУ „Димитрија Чуповски“ -Велес
ОСУ „Дрита“ – Кичево
ОСУ „Мирко Милески“ – Кичево
СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино
СУГС Гимназија“Орце Николов“ – Скопје
ОССУ „Ѓоце Стојчески“ – Тетово
СЕОУ „Гостивар“ – Гостивар
Школата ќе биде поделена во два дела и ќе се одвива во текот на два викенди во месец декември, 6-7 и 20-21 декември. Присуството на двете работилници е задолжително.
Работилниците ќе ги држат искусни новинари од Радио МОФ. Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да испратат краток есеј на тема „Како новинарите го менуваат светот“ до 400 збора на оваа . Можност за учество на работилницата ќе добијат 10 средношколци.
Трошоците за храна, сместувањето и превоз се покриени од страна на организаторот. Првата од двете работилници ќе се одржи во Скопје, на 5 и 6 декември.
МОФ во соработка со учлиштата веќе започна да работи на јакнење на капацитетите на средношколските заедници во самите училишта. Од учесниците на работилниците за новинарство ќе се очекува да соработуваат и комуницираат и со средношколските заедници во своите училишта.
Работилницата ќе им овозможи на средношколците низ практична работа да ги унапредат своите вештини во новинарството. Тие ќе добијат можност да креираат свои содржини кои ќе се објавуваат на Радио МОФ.
Краен рок за пријавување е 3 декември.