„Што му недостига на мојот град?“ – Локален јавен настан во Тетово

Медиа/Арт клубот на Младински образовен форум од Тетово го реализираше настанот „Што му недостига на мојот град“. Настанот започна со работилница за историското минато на Тетово, а продолжи со поставување на интерактивна мапа на градот, каде што младите и граѓаните може да ги искажуваат проблемите и идеите. Таблата беше поставена 7 дена на платото пред Центарот за култура „Иљо Антевски – Смок“ во Тетово.

Сподели