Денес е 15ти септември, Меѓународен ден на демократијата. По тој повод, Младински образовен форум (МОФ) контактираше поширока листа на јавни личности, политичари, активисти, уметници, со молба да одговорат на прашањето “Што е тоа демократија?”. Добивме најразлични одговори, од тоа дека демократијата е владеење на народот, слобода на индивидуата, надгласување, дебата, право на избор, очетност, па се до тоа дека демократијата е утопија.
Сепак, меѓу одговорите преовладуваше дека демократијата, денес, е посакувана состојба во која граѓаните не се плашат.
Честит 15ти септември, Меѓународен ден на демократијата.
Ви посакуваме помалку страв.
Уживајте во пораките и фотографиите на нашите пријатели.
Оваа кампања е дел од националната кампања за Граѓански и политички права и слободи која се спроведува во склоп на Проект на УСАИД за граѓанско општество.