Во рамките на Националната кампања „Слободно изрази се“ во Тетово се поставени ѕидови кои граѓаните имаат можност да ја надополнат фразата „Во Тетово сакам…“ Од испишаните пораки на таблите може да се забележи дека културните, спортските потреби на граѓаните, но и подобрување на хигиената, проблемот со кучињата скитници се меѓу најчесто посакуваните работи што тетовчани сакаат да се решат.. „Во Тетово сакам… кино, театар, спортски терени, почисти паркови, базени …но и меѓуетничка толеранција, подобар ноќен живот за младите, вработување, чист град, вода, слободни пешачки премини и тротоари, се досега најчестите испишани пораки. Има и такви кои во Тетово сакаат повеќе љубов, бесплатен интеренет.
Дел од граѓаните што напишаа на таблата што сакаат во Тетово, со задоволство посочија дека ова е одличен начин за искажување на индивидуалните мислења. „Добро е доколку дел од напишаните пораки од граѓаните ги видат и слушнат локалните институции и за истите преземат соодветни мерки за посочените проблеми“ – истакна еден од граѓаните кои го искажа своето мислење на поставената табла.
Таблите се поставени во центарот на градот на аголот на улиците Јане Сандански и Маршал Тито и секој заинтересиран може да го изнесе своето мислење. Истите ќе бидат поставени на локацијата уште неколку недели.
Националната кампања „Слободен си – изрази се„ се реализира од страна на Фондацијата НВО Инфоцентар и Младински образовен форум, поддржан од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕДИХР).
Повеќе фотографии од испишаните пораки може да се најдат тука.