Симулација на кривична постапка во Скопје

На 07.06.2019 (петок), во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, членовите на програмата Учиме право од Скопје реализираа симулација на кривична постапка од областа на трговија со луѓе. Имено, станува збор за случајот „Заборави ако можеш“, каде се работи за лица за кои постои основано сомнение дека извршиле кривични дела од областа на делата против меѓународното право. Ово случај е инспириран од судската пракса за којшто е водека кривична постапка, но истиот е изменет во голема мера, односно, во имињата на личностите, местата на одригрување на настаните, како и самите факти.

На овој настан, учениците земаа улоги на адвокати, судии, јавен обвинител, сведоци и тие имаа можност на овој начин да научат повеќе за текот и механизмите на кривичната постапка.

  

Активноста се спроведува во склоп на проектот: Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

 

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: