Симулација на Органот на управување-Училишен одбор во Гевгелија

На ден 25.06.2015 година со почеток во 10 часот  во просториите на СОУ ,,Јосиф Јосифовски’’Гевгелија од страна на членовите на Учиме право клубот од Гевгелија беше одржана симулација на работата на органот на управување- Училишниот одбор. Oрганот на управување, беше симулиран од страна на средношколците во улоги на претставници на: наставниците, родителите, општината, Министерство за образование и деловната заедница.

Училишниот одбор беше повикан  по барање на средношколците за нивно консултирање при изготвувањето на Годишната програма за работа на училиштето. Училишниот одбор на ова  барање одлучи со  шест гласа ,,за’’ и три ,,против’. Целта на симулацијата беше средношколците практично да ги применат своите знаења кои ги стекнале претходно, како и да се создаде простор за дискусија каде што средношколците ќе можат да ги презентираат своите барања.На симулацијата учествуваа вкупно 9 средношколци членови на Учиме право клубот од Гевгелија а истата беше следена од професорите при СОУ ,,Јосиф Јосифовски” Гевгелија. Ваквата активност како дел од неформалното образование  на средношколците  предизвика големо воодушевуваање кај професорите кои што ја следеа симулацијата.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: