Симулација на постапка пред Европски суд за човекови права – Куманово
На 14.09 (недела) во просториите на Мултикулти во Куманово, напредниот Учиме право клуб одржа симулација на судење. Темата на симулацијата беше постапка пред Европски суд за човекови права, која се фокусира на меѓународното право, а содржи и елементи на класична домашна судска постапка. Во конкретната ситуација, жалителката поднесува апликација против РСМ за наводна повреда на чл. 6 од ЕКЧП, а централно место во симулацијата беше главната расправа закажана пред ЕСЧП во Стразбур, на која жалителката со нејзиниот полношмник и владиниот агент ги образложија своите наводи по конкретните точки од апликацијата пред 3-члениот судски совет.
Учениците имаа можност да бидат во улога на судии, владин агент, жалител, полномошник и на тој начин одблизу да се запознаат со постапката на Европскиот суд за човекови права.
Симулацијата се организираше во склоп на Проектот за младинско изразување. Овој проект е финансиран од Европската Унија.