Во рамки на програмaта „Учиме право“ и предвидениот курикулум за оваа година, почетниот клуб од Гевгелија на 27.06.2014 година одржа симулација на главна расправа на случајот „Kлевета и навреда” од областа на граѓанското право во просториите на Основниот суд – Гевгелија. Овој настан беше предвиден како завршен настан за учебната 2013/2014 година. Членовите од клубот се ставија во улоги на судија, тужен и тужител со нивни бранители сведоци и вештаци, со што на учениците им се овозможи да ги применат знаењата кои ги стекнале во рамки на предавањата и на еден интересен начин преку интеракција да видат како се одвива главната расправа во граѓанската постапка. Симулацијата беше изготвена согласно одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета кој е веќе во примена од 22 ноември 2012 година. Со овој закон се изврши декриминализација на кривичните дела против честа и угледот во Република Македонија. Симулацијата го потенцираше значењето на слободата на изразување и информиарање како клучна за демократското општество од една страна, како и желбата да се објасни и доближи постапката за клевета и навреда во рамките на граѓанското право до младите средношколци.
СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:
17/03/2025
16/03/2025
28/10/2024