На 16.03.2017 во просториите на ГЕМ клубот Менада, се одржа симулација на казнена постапка и главна расправа на случајот „Заборави ако можеш“ кој ја опфаќа темата трговија со луѓе каде што на најдиректен начин се прекршуваат основните човекови слободи и права. Оваа симулација беше спроведена од страна на членовите на почетниот Учиме право клуб кој го водат Давид Мијовски, Ивана Петковска, Лејла Тутиќ и Петар Гризо.
На почетокот на овој настан се обрати Димитар Низамовски координатор на програмата Учиме право со поздравен говор. Членовите на овој клуб се ставија во улоги на судии (Претседател на судски совет – Анџела Арсенијевиќ, Судија поротник – Ивана Павловска, Судија поротник Горазд Петрушевски), јавни обвинители (Сара Стојковска, Филип Попов), адвокати (Тамара Илиоска, Георги Божиноски), првообвинет (Марио Ташковски), второобвинет Никола Николовска, оштетени (Александра Ѓоргиевска, Мартина Коцева, Наташа Драшковиќ), вештак психијатар (Андреа Крстевска), сведоци (Давид Стојановски и Ева Блажевска) и на еден интересен начин прикажаа како изгледа една кривична постапка. Особено интересно беше тоа што во текот на симулацијата, имаше компетитивност меѓу учесниците кои преку употреба на посилни и поцврсти аргументи ги бранеа своите тези и ставови обидувајќи се да го придобијат судскиот совет. Притоа со мала доза на театралност го направија овој настан, пријатен и забавен за публиката која беше составена од членови на другите Учиме право клубови, како и нивни родители кои имаа можност за прв пат да се На крајот следеше мал коктел на кој во неформална комуникација, учесниците и публиката ги споделија своите импресии.