Членовите на програмата Учиме право при Младинскиот образовен форум симулираа судење за случај со дискриминација во образовен процес. Настанот имаше за цел да ја запознае јавноста, а особен младите со дискриминацијата – во овој случај онаа која се случува врз основа на попреченост во развојот. Преку симулацијата присутните можеа да се запознаат со парничната постапка, нејзиниот тек и нејзината функција како механизам за заштита од дискриминација.
Симулацијата беше изведена од страна на средношколци кои се членови на Учиме право клубовите во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права, а поддржан од страна на Британската амбасада во Скопје.