Членовите на напредниот клуб Учиме право од Скопје, под менторство на Јордан Јованов, спроведоа симулација на постапка пред Европскиот суд за човекови права од областа на Семејното право. Младите се стекнаа со практични вештини кои им овозможија одблизу да се запознаат со работата на институциите и самите тие да бидат дел од едно импровизирано, но сепак прецизно, судење пред меѓународна институција. Постапката беше од областа на Семејното право и учениците покажаа одличен успех во спроведувањето на истата.

Претседател на судски совет – Тамара Кунцулова

Членови на судски совет – Катја Зенделска и Бојана Тренчевска

Апликант – Ема Мицевска

Полномошник на апликантот – Ангела Илиева Владин агент – Марија Ангеловска

Сведоци:

Вешто лице психијатар – Николина Стојановска

Претставник од центар за социјална работа – Драгица Јовановска

Дете – Тамара Атанасоска

Симулацијата е дел од Проектот за младинско изразување. Проектот е финансиран од Европската Унија.

Особена благодарност на Јордан Јованов и членовите на Учиме право кои прецизно ги одиграа улогите.

Целата симулација можете да ја погледнете на следниот линк:

Учиме право клубовите се дел од Проектот за младинско изразување и работат со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија .

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: