Симулациите на судење се дел од активностите на средношколците кои ја посетуваат проектната настава по Учиме право во своите училишта, и преку истите практично се изведува судска расправа со цел учесниците да можат да го применат теоретското знаење во пракса.
На 26 март 2011 со почеток во 9:30 часот во просториите на СУГС „Никола Карев“ во Скопје, се одржа симулација на судење пред Основен Кривичен Суд на тема „Трговија со луѓе“. Учесници во симулацијата беа две групи на средношколци од СУГС „Никола Карев“ и СУГС „Георги Димитров“ од Скопје, на возраст од 16-18 години кои ја посетуваат проектната настава по Учиме право.
Пред почетокот на симулацијата учесниците имаа воведно предавање за тоа како се поведува кривичната постапка, органи и лица кои се овластени за поведување на истата, надлежен суд кој решава по кривични спорови, улогата на оштетениот во случајот , улогата и надлежноста на јавниот обвинител како и улогата на бранителите (адвокатите) во постапката. По разјаснување на улогите, секој учесник избра улога и доби текст за симулација на истата и се посочи нивната местоположба во имровизираната судница согласно улогата во постапката.
По одржувањето на главната расправа и сослушувањето на сите засегнати страни во случајот , судскиот совет се повлече за да ги сумира фактите, доказите и околностите и да ја донесе својата пресуда .
Бидејќи јавноста не беше исклучена на ова судење, присутни беа и новинари како и лицата задолжени за мониторинг од Хелсиншкиот комитет (се разбира тоа беа оние учесници на симулацијата кои ја избраа оваа улога).
Со тоа симулацијата заврши успешно а учесниците се стекнаа со теоретски и практични познавања на еден сегмент од кривичната постапка за што добија и сертификати за учество.
Следната симулација која ќе ја изведуваат овие средношколци како дел од активностите во рамките на проектната настава Учиме право ќе биде симулација на работата на Советот на министри на ЕУ и тоа кон средината на април.
СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:
28/10/2024