Средношколците кои ги слушаат предавањата по Учиме Право во Гимназијата “Методи Митевски Брицо“ во Делчево, на 17 јуни во просториите на Центарот за застапување и лобирање во Делчево симулираа судење на случај од областа на трговија со луѓе, по теркот на досегашните симулации за средношколци што ги организира МОФ.
Пред симулацијата, предавачите Љупка Јовановска и Аднан Демировски оддржаа кратка работилнца со учесниците за текот и целите на кривичната постапка во правниот систем на Република Македонија, како и за улогите на адвокатите, јавните обвинители и судиите во истата. По распределба и подготовка на улогите, следеше самата главна расправа која траеше околу 2 часа. Учениците посветено ги подготвија своите улоги и во текот на симулацијата посветено ги одиграа своите зададени улоги. Тие изразија задоволство од овој примената на овој метод, имено многумина од нив се изјаснија дека ги научиле основите на кривичната постапка што ќе им биде од корист во иднина и како стручни правни лица и како граѓани.
За крај, МОФ сака да се заблагодари на Центарот за застапување и лобирање и СОУ “М.М.Брицо“ за поддршката во реализацијата на оваа симулација.